Македонија

Битолските студенти со предлог до МОН за државниот испит

Битолските студенти со предлог до МОН за државниот испит

И студентите од Битола побараа да се полагаат барем третина од испитите од трета година без положен државен испит, објави Курир.

-Изминативе неколку денови до Министерството за образование и наука пристигнаа неколку предлози во врска со пакет измените во високото образование. Ние како студентски парламент при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, сметаме дека предлогот да се слушаат предметите од трета година иако првиот дел од државниот испит не е положен е прифатлив за нас. Исто така, се приклучуваме кон иницијативата на другите студентски парламенти и бараме освен да можат да се слушаат предметите од третата академска година, да можат да се полагаат барем третина од нив, вели Кристина Петровска од Студентскиот Парламент на универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Тие додадоа дека ценат дека со ова би се зголемила флексибилноста, така што би постоел дополнителен период како студентите би се подготвиле за државниот испит, а притоа не би заостанувале со студирањето.