Битолско поле гледа надеж во државното Водостопанство

Се оформи на иницијатива на Владата со кредит од Светска банка за во првите шест месеци да покрие плати и други неопходни трошоци, по тој рок Битолско поле имаше обврска со самофинансирање да се исправи и опстои. Неодамна со одлука на Владата се реши да се офрми Водостопанско претпријатие кое ќе ги припои остранатите претпијатија од другите општини.Битолско поле во изминативе четири години иако бараше нови работници министерството за финасии не ги одобри сеуште се 14 и имаат низа проблеми во работењето.

Јани Рлаевски директор на Битолско поле вели тешко било работењето во овој период имале технички проблеми, проблеми со механизацијата.

Објектот на поранешното претпијатие Водостопанство каде до неодамна беа сместени веќе не им е на располагање бидејќи за истиот имало хипотека.

„Ние не можевме да отплаќаме туѓ долг“, вели Ралевски

Што ќе значи за Битолско поле формирањето на државното Водостопанство?

Ралесвки вели дека со формирањето Битолско поле ќе добие механизација и подобри услови за давањето на нивната основна дејност одводнување.

Инаку во изминатиов период Битолско поле преку опстојуваше преку проекти за одводнување и од 80% наплата од земјоделците.