Македонија,Крими хроника

Кривична Пријава Бившиот градоначалник на Свети Николе го оштетил општинскиот буџет за над 700.000 денари, само за гориво

Бившиот градоначалник на Свети Николе го оштетил општинскиот буџет за над 700.000 денари, само за гориво

Светиниколската полиција пдонела кривична пријава против поранешниот градоначалник на општината Свети Николе, осомничен дека со злоупотреба го оштетил буџетот за повеќе од 700.000 денари, соопшти МВР.

Полициската истрага утврдила дека З.Т. (50) од први април 2013 година па се’ до 31 октомври 2017 година, дозволувал на физички лица во своите приватни возила да точат гориво на трошок на општината, а за да го оправда истото му наредувал на шефот на возниот парк при плаќањето со „Верна Плус“ картичките од Општина Свети Николе, лажно да го прикаже горивото дека било точено во службените возила на Територијалната противпожарна едниница-Свети Николе.

ПС Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т. (50) од Свети Николе, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.

Во периодот од 01.04.2013 година до 31.10.2017 година пријавениот, во својство на гадоначалник на општина Свети Николе, ја злоупотребил својата службена положба на начин што дозволувал на физички лица во своите приватни патнички возила да наточат гориво на трошок на општината, а за да го оправда истото му наредувал на шефот на возниот парк Б.З. при плаќањето со Верна Плус картичките од Општина Свети Николе лажно да го прикаже горивото дека било наточувано во службените возила на Територијалната противпожарна едниница-Свети Николе. Потоа пријавениот со својот потпис ги одобрувал издадените фискални сметки, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 762.041 денари, наведено е во полицискиот билтен.