Секс

Пет причини зошто бившото момче ве бара

Пет причини зошто бившото момче ве бара

Еве пет причини зошто најчесто бившото момче ве бара откако претходно сте раскинале.

Само што раскинавте, сакате да продолжите понатаму и да заборавите на се што е поврзано со него? Ок, почнавте да заборавате и да запознавате други момчиња и тогаш тој се јавува ненадејно. Да, тој решил да направи сцена. Обично се извинува, се правда или плаче, ветувајќи дека овој пат решил се да поправи.

Сигурно сте се запрашале зошто баш сега се јавува и зошто сака да се смирите?  Еве за што станува збор.

  1. Срцето го бара она што неможе да го има

Пет причини зошто бившото момче ве бара
Пет причини зошто <strong>бившото момче ве бара</strong>

Сите ние често заглавуваме во импулсивниот циклус „Мора да го имам тоа“. Проблемот се јавува кога тоа нешто неможеме да го имаме.

Кога сме деца, им завидуваме на децата што имаат поубави играчки од нас и сме ги посакувале токму поради тоа што не сме можеле да ги имаме, така и мажите сфаќаат дека неможат да ве имаат и не го сакаат тоа чусвтво. Кога импулсивниот циклус ќе го достигне врвот, тие најчесто се јавуваат со идејата дека сакаат нешто да поправат.

Бидете сигурни дека ништо драстично не се променило во неговиот живот, туку дека станува збор за најобичен импулс. Мора да имате на ум дека импулсот е мошне голема сила.

  1. Уживавте во животот – без него

Мажите обично сметаат дека ниту една жена неможе така лесно да продолжи со животот. Кога ќе забележат дека е малку доцна за помирување, обавезно се јавуваат.

Поготово, само што ќе го избришете од социјалните мрежи, мажот ќе се чувствува запоставени и заборавени затоа што повеќе не е дел од вашиот живот – ниту на интернет. Тогаш обично сфаќаат дека животот оди понатаму и дека ја имале нивната шанса.

  1. Сфатиле дека вината исто така е и нивна

Како што поминува времето, мажите увидуваат деја другата личност што ја избрале по вас не е она што тие си го замислувале. По љубовниот занес што обично кратко трае, тие подобро ја увидуваат реалноста. Кога ќе се разбудат почнуваат да ви се јавуваат, се извинуваат и бараат нова шанса.

Очигледно, сите жени во тој миг се гневни, затоа што тој се обидел да ги замени со друга. Секако тој повеќе не го заслужува вашиот труд, енергијата и времето, но да бидеме реални и двајцата сте правеле грешки.

  1. Чувствуваат вина и неможат да прифатат дека е готово

По секое раскинување, секоја жена е повредена и тешко се носи со таа пресвртница во нејзиниот живот. Сепак набрзо ја собира целата храброст и одлучува да продолжи понатаму. Кога ќе сфати дека е крај дефинитивно става точка и станува достапна за други мажи. Тоа е јасен знак дека продолжувпонатаму.

Мажите често се освестувт многу подоцна и ја сфаќаат вшата вредност и дека сте незаменливи, но тешко ја прифаќаат оваа вистина. Од таа причина се јавуваат барајќи да добијат уште една шанса.

  1. Знаат дека веќе не се на врвот на пиедесталот

Кога ќе почнат да ве шпиунираат и да копаат по вашите профили и кога ќе сфатат дека уживате во животот, тие сакаат да ја нарушат вашата среќа и задоволство. Тие неможат да го прифатат фактот дека сега сте отворени за нови можности и познанства и дека некој потенцијално може да ги замени.

Обично сите жени по раскинувањето успеваат подобро да ја увидат реалната ситуација во врската и сфаќаат дека заслужиле нешто многу подобро (човек што ќе ги прави среќни и ќе ја цени целата посебност што тие ја поседуваат). Колку поскоро го сфатат тоа, бившите момчиња повеќе не се во центарот на вниманието и тоа значи дека се симнати од врвот на пиедесталот. Знаејќи го тоа, бившиот сака да се врати по она што е негово.