Бизарна несреќа во Пробиштип: Работник итно на Ургентен

Страшна несреќа во Пробиштип. Вчера попладне околу 15 часот во кругот на Авто мото друштвото  „Сообраќаен Центар“, 33-годишниот М.С. од Пробиштип, при замена на салолитни табли поставени на настрешница на еден од објектите во друштвото, во еден дошло до кршење на греда од настрешницата, при што истиот паднал на бетонската подлога од висина од 2 ипол метри.

Несреќниот маж се здобил со повреди во пределот на главата и телото.

Од екипа на Итната медицинска помош истиот е пренесен во Ургентниот Центар Скопје.

Полицијата го расветлува случајот.