Бизнис бон-тон: Еве кога не треба да ги барате соработниците

Кога станува збор за бизнис бон-тон, речиси сите ние сме се нашле во недоумица дали е премногу рано или доцна за да ги барате соработниците на телефон.

Денес во бизнис комуникацијата се повеќе се користат СМС пораки, но тие се нужно зло и треба да се користат само ако е итно, ако неможеме соработникот да го добиеме по телефон. Имено, СМС пораките поради кратката содржина може да доведат до недоразбирања, па и до погрешни толкувања. Исто така, а ко соработникот или бизнис партнерот што го барате не ви одговара, тогаш би требало да ги избегнувате новите повици на секои неколку минути затоа што тоа може да биде контрапродуктивно.

Таквото повикување може да значи недоверба, па дури и да биде протолкувано како агресивно и да предизвика отпор и иритираност од другата страна. Наместо тоа, добро е да дадете повеќе време.

Во овој случај можете да испратите и СМС порака во која ќе побарате соговорникот да ви се јави кога ќе може. Може да очекувате дека секој човек веднаш по завршувањето на состанокот ќе го вклучи мобилниот и ќе ги проследи важните пораки.

Колку и да сакате да решавате една по една обврска наутро, соработниците не треба да ги барате точно во мигот кога почнува работното време. Подобро е да почекате 10-тина минути за вашиот соработник да ги заврши основните подготовки. Истото важи и за крајот на работниот ден: треба да избегнувате повици во последните 10-тина минути од работното време.