Бизнис делегација на ССК на Економско – трговски форум во Кина

На петтиот Економско – трговски форум на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) ќе присуствува и македонска бизнис делегација, предводена од претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска .

Економско – трговскиот форум се одржува во Суџоу, Кина, а во него ќе учествуваат  над 1.000 компании од Народна Република Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, премиери, државни владини претставници, делегации на највисоко ниво, претставници на агенции за унапредување на трговијата и на деловниот сектор. Целта на Форумот е унапредување на соработката на НР Кина и земјите од ЦИЕ.