Бизнис делегација од Бугарија во посета на Македонија

Бизнис делегација од Бугарија денеска во Скопје ќе оствари средба со претставници на Македонско-бугарската стопанска комора. Се планира на средбата да се разговара за подобрување на условите за соработка на фирмите од двете држави.

На средбата покрај лобирањето за ЕУ и НАТО ќе стане збор за зголемена соработка во областа на металургијата, инертни материјали, недвижнини и спортот и младите. Членовите на делегацијата со стопанствениците членови на МБСК заеднички ќе ја споделат поддршката за проекти од заедничка меѓугранична соработка, соопшти Македонско-бугарската стопанска комора.

Бугарската делегација ја предводи Александар Томов, претседател на Бугарската социјалдемократска партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.