вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Бизнис форум во Ерусалим – Израелските инвеститори заинтересирани за соработка

Израелските инвеститори се заинтерсирани да соработуваат во повеќе области, почнувајќи во земјоделието, туризмот, технологија и човечки ресурси.

gruevski-forum-izrael-1

Поврзани вести

Израелските инвеститори се заинтерсирани да соработуваат во повеќе области, почнувајќи во земјоделието, туризмот, технологија и човечки ресурси.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, во рамките на посетата на Државата Изрел учествуваше и се обрати на бизнис форум во Ерусалим.

Бизнис форум во Ерусалим - Израелските инвеститори заинтересирани за соработка во повеќе области

Бизнис форум во Ерусалим – Израелските инвеститори заинтересирани за соработка во повеќе области

На форумот на кој учествуваа претставници на израелски компании од областа на земјоделието, енергетиката, туризмот и од областа на медицината, владината делегација ги презентираше условите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија.

Презентирани поволностите за водење бизнис во Македонија

Како што информираат од владината прес – служба, премиерот Груевски истакна дека нашата земја направи значаен прогрес во поглед на креирањето на добра бизнис клима, соработката со инвеститорите и поддршката на развојот на економијата. Потенцираше дека се направени многу реформи кои Македонија ја рангираа високо во извештаите на релевантни финансиски институции како што е Светската банка, која во својот извештај Дуинг бизнис кој ги оценува добрата бизнис клима и условите за водење бизнис, ја позиционираше Република Македонија на дванаесетото место во светот, и шесттото место во Европа.

Презентирани поволностите за водење бизнис во Македонија

Презентирани поволностите за водење бизнис во Македонија

Ние сме и втори во светот во однос на леснотијата за отпочнување на бизнис и регистрирање на фирма кое се врши за само четири часа и може да се направи од било кое место во светот. Исто така имаме напредок и во други полиња како што е заштитата на инвестициите, изјави претседателот на Владата Груевски.

Тој посочи…

Најчитани вести