Бизнис форум во Мадрид: Македонија е поволна бизнис дестинација

Бизнис форум во Мадрид: Македонија е поволна бизнис дестинација
Бизнис форум во Мадрид: Македонија е поволна бизнис дестинација

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска  заедно со економскиот тим од Владата во чиј состав е заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Горан Мицковски учествуваа на бизнис форум кој се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија.

Бизнис форумот беше организиран во соработка со Стопанската комора за трговија, индустрија и услуги на Мадрид и пред деведесет претставници на компании од Шпанија беа презентирани можностите и потенцијалите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија.

Премиерот Груевски посочи дека едни  од главните предности кои ги има направено Република Македонија во последните неколку години, а се важни за водење на бизнис, се промените во бизнис климата каде што има значително подобрување.

madridpremier22

-Македонија е држава со исклучително ниски трошоци за правење на бизнис, држава која што ги намали во голема мера бирократските процедури за водење на бизнис, во таа насока го спроведовме и проектот регулаторна гилотина во соработка со стопанските комори и приватните компании при што елиминиравме илјадници бирократски процедури во полза на компаниите и домашните и странските, истакна Груевски.

Претседателот на Владата изјави дека според најновиот извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум за 2015 – 2016 година Република Македонија има најниски даноци во светот со вкупна ефективна даночна стапка од 7.4 % и е единствена земја од 140 економии со стапка пониска од 10 %.

ngmadriddd

Груевски посочи дека се направени реформи во целокупната сфера на водењето бизнис и според Светската банка денес Република Македонија е на првото место според квалитетот и услуги кои ги дава Централниот регистар во Европа и шеста во светот.

-Исто така во Македонија може да се регистрира компанија од било кое место во светот за 4 часа, без почетни трошоци, истакна Груевски.

Премиерот посочи дека она што е важно е што голем број на глобални компании ја одбраа Македонија како нивна бизнис дестинација и изградија капацитети, тргнувајќи од американската компанија Џонсон Контролс, англиската глобална компанија Џонсон Мети, Диатек и Технокозе од Италија, Амфенол од Америка, Ванхул од Белгија, Гришко од Русија, Дрекслермаер, ОДВ, Техникал Текстајл и Кромберт и Шуберт од Германија, Леар, Капкон и повеќе други. Груевски изјави дека сето ова помогна за намалување на невработеноста достигнувајќи досега најниско ниво од 26.8%.

pesevskimadridd

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека Македонија има навистина што да каже во однос на подобрувањата што ги има направено и во бизнис климата и во условите за водење на бизнис и привлекување на инвестиции и дека сето ова останува  забележано од голем број на држави и компании кои веќе инвестираат во Македонија.

-Иако има неколку компании капитално врзани со Шпанија сметаме дека има простор за многу повеќе да се направи и токму тоа беше целта на нашето денешно присуство. Јас верувам дека долгорочно ова е еден од првите чекори кои ќе почнат да даваат резултати. Имаме закажано и повеќе одделни средби со компании и се надевам дека сето тоа ќе вроди со плод, носење на инвестиции и отворање на нови работни места со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Пешевски.

Претседателот на Стопанската комора за индустрија, трговија и услуги на Мадрид, Артуро Фернандез истакна дека Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа, со активна помош за инвестирање претворајќи ја така Македонија во новиот рај за инвестиции во Европа.

-Овој рај за инвестиции се истакнува со стабилен раст во последниве години, исто така со ниска стапка на инфлација, врамнотежена фискална политика и фиксен курс спрема еврото. Од друга страна со својата стратешка положба Македонија нуди слободен пристап до официјалните пазари и до 650 милионскиот пазар на потрошувачи преку договорите за слободна трговија, изјави претседателот на Стопанската комора на Мадрид Артуро Фернандез.

arturofernandezzz

Генералниот менаџер на компанијата Арчелор Митал, Хуан Педро Наваро, која е веќе присутна на македонскиот пазар, истакна дека  компанијата е задоволна од Владата која прави големи напори да направи добра бизнис клима што пак создава добри услови да се продолжи со инвестирање и да се придонесе за напредокот и растењето.

Наваро истакна дека ова е најдобрата година за Арчелор Митал во Македонија и имаат многу добро напредување во производството искористувајќи ги максималните капацитети и најавувајќи проширување на капацитетите за производство.

-Очекуваме да инвестираме во наредните години токму во зголемување на капацитетите на производството, почнувајќи од овој месец превземаме и конкретни чекори, изјави генералниот менаџер на Арчелор Митал, Жуан Педро Наваро.