„Бизнис Инсајдер“: Насловната на „Економист“ говори се

Додека Владимир Путин учествуваше во маратонските мировни преговори во Минск, руските тенкови наводно се „тркалале“ во Украина, пишува весникот Бизнис инсајдер во текстот насловен „Новата насловна страница на Економист говори се“.

putin_celaНа насловната страница на Економист се најде лицето на претседателот на Русија кое воопшто не е пријателски настроено и погледот кон раката која ги држи сите конци.

„Додека е на сила инхерентно фаличен мировен договор, околностите кои што го окружуваат говорат многу повеќе од „зрното надеж“ што го нуди најновиот компромис. ЕУ и НАТО се крајната цел на Путин“ пишува Економист.

„За него западните институции и вредности се поголема закана од војската. Тој сака да го блокира нивното ширење, да ги нагризе одвнатре и барем на ранливата периферија на Западот, да ги замени со својот модел на управување“, стои во текстот објавен во Економист.