„Бизнис инсајдер“: Во Хрватска не покажувајте три прсти

Колку земји, толку обичаи – оние гестови кои се толку вообичаени во една, можат да бидат крајно навредливи во друга земја.

За да избегнете потенцијална непријатност на вашето следно патување, магазинот „Бизнис инсајдер“ направил краток прелед на работи кои во поеднини држави не би требало да ги правите.

Магазинот истакнува дека во Хрватска никако не покажувајте три прсти, бидејќи некој би можел да помисли дека сте српски националист.

Chilean-touristsВо Чиле не јадете ништо со рацете, бидејќи ваквото однесување се смета за некултурно.

Во Сингапур може да бидете казнети за многу работи, вклучувајќи и хранење птици, плукање, пушење, консумирање храна во јавен превоз, како и вршење нужда на јавно место.

Во Индија не се бакнувајте на улица бидејќи би можеле да завршите во затвор. Физички контакт со акувајте спротивниот полисто така е забранет – не се ракувајте со соговорникот и не го прегрнувајте, освен ако локалниот жител тоа прво не го предложи.

france-paris-tourism

Ако планирате да отпатувате во Франција, имајте предвид дека францускиот систем на образование не го форсира учењето на англискиот јазик, поради што најверојатно ќе мора да се разберете на француски јазик. исто така, не разговарајте за пари, во оваа земја тоа е табу тема.

Во Јапонија не давајте напојница бидејќи тоа не е дел од локалната култура. Не ги гушкајте луѓето кои само што сте ги запознале. Јапонците не се склони кон претеран физички контакт. Не стојте на погрешната страна на ескалаторот, следите што прави локаланото население.

Не се навредувајте поради разни шеги во Мексико, бидејќи мексиканскиот смисол за хумор вклучува многу од тоа. Бидејќи се работи за земја во развој, немојте на локалното население да му ставите на знаење дека сте супериорни само затоа што сте странци. Не се плашете да пробате нови работи бидејќи Мексиканците сакаат кога се обидувате да го зборувате нивниот јазик или учествувајте во нивните обичаи.

rusijaВо Русија не подарувајте пар врој цветови, не се наслонувајте премногу  на кредитните картици и не претпоставувајте дека луѓето поддржуваат се што прави нивната влада – многу Руси ја критикуваат.

Во Норвешка голите луѓе не се необична глетка, така што не се зјапајте во нив. Не разговарајте за црквата бидејќи тоа се смета за непрстојно и не очекувајте специјален третман – Норвежаните се прилично опуштени и речиси сите еден на друг се обраќаат по име.

Во Нов Зеланд не исмејувајте:рагби, филмот „Господар на прстените“ и англиската кралица. Таму сите овие работи се сфаќаат многу сериозно. Не се изненадувајте доколку забележите дека луѓето не носат чевли…тоа е сосема нормално.

Во Турција подалеку од алкохолот, не чепкајте заби на јавен простор – тоа се смета за непристојно. Не го правете „ок“ знакот користејќи палец и показалец, бидејќи таму тој гест се смета за навредлив.

Ако сте во Велика Британија, не прашувајте кој колку заработува, не се обидувајте да се протнете некаде преку ред и не ги поканувајте луѓето на гости, освен ако добро ги познавате.

Не го имитирајте ирскиот акцент во Ирска. Таму не постои таква работа, постојат само локални акценти ширум регионот. Не бидете скржави, не дозволувајте некој да ве чести пијалок, ако не сте во сосотојба да ја платите следната тура.

Во Греманија може да бидете уапсен ако ја испружите раката во знак на нацистички поздрав. Не зјапајте во други бидејќи на луѓето ќе им делувате необразовано или ментално заостанат. Избенувајте и претерана дружељубивост бидејќи на Германците им е потребно време да се опуштат во некое друштво.

germanija

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.