Македонија,Политика

Бизнис партнерите на Заев направија милиони со легализацијата на „Глобал“

Бизнис партнерите на Заев направија милиони со легализацијата на „Глобал“

Искористувајки го Законот за легализација на бесправно изградени објекти по само едно евро што првично беше наменет за најсиромашните категории со цел да ги легализираат дивоградбите, Горан Крстев и Бранко Стамболиски се стекнуваат до огромен имот. Денес, „Глобал“е легализиран објект кој е пример за тоа како преку искористување на законите и злоупотреба на позициите се стигнува до огромен недвижен имот, пишува порталот „Курир“.

„Курир“ дојде до имотниот лист на Трговскиот центар „Глобал“, каде сопственици се јавуваат двете фирми „СИМ Инжинеринг“ и „Де Лукс инжинеринг“ во сопственост на бизнис партнерите на Заев, Горан Крстев и Бранко Стамболиски.

Директорот на Агенцијата за Катастар, Славе Трпески потврдува дека дивоградбата „Глобал“ денеска е легализирана преку Законот легализација од 2011-та година, врз основа на решение за легализација  од Општина Струмица и геодетскиот елаборат е запишан во катастарот и оваа градба стои во имотниот лист дека е легализирана.

Трпески вели дека во текот на 2008 година, врз основа на одобрение за реконструкција на пазариштето во Струмица, поднесено е барање да се запише Трговскиот центар „Глобал“. Катастарот го има одбиено барањето, бидејќи истото било спротивно на тогашниот закон за градење, како и тогашниот Закон за Катастар на недвижности.

„Одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, истото било поништено од страна на надлежен орган. Исто така, носителот на одобрението, јавното претпријатие „Комуналец“ било корисник само на една катастарска парцела, додека градбата се простирала на повеќе катастарски апрцели и едно чудо други работи, вклучително и враќање на имоти за земјиштето со денационализација . Поради тие причини, во неколку наврати Катастарот го одбива запишувањето на „Глобал“ по основ на градба или по основ на издадено одобрение за градба, вели Трпески.

Имајќи го во предвид ова, ЈП „Комуналец Струмица“ , фирмите „Де Лукс Инжинеринг“ и „СИМ Инжинеринг“ поднесуваат барање за легализација до општина Струмица, согласно новиот Закон за легализација кој е донесен во 2011 година.

„Пред се’ работа на тој закон беше да се легализираат куќи, малите објекти на граѓаните. Потоа, по поднесувањето на барањето, Општина Струмица го легализира објектот на начин што на ЈП „Комуналец Струмица“ му го легализира приземјето во големина од 4591 квадратен метар и му легализира дел од петти кат и шестти кат. Петти кат од 140 квадратни метри и шестти кат од 1723 квадратни метри се легализира во корист на ЈП’ Комуналец’, вели Трпески, за Курир.

katastar-deluks

 


Крстев и Стамболиски стекнуваат огромен имот од 22 илјади квадрати искористувајќи го законот за најсиромашните

Горан Крстев и Бранко Стамболиски се стекнуваат со огромен имот со легализацијата на трговскиот центар „Глобал“. Според податоците од имотниот лист, со барањето за легализација од страна на фирмите Де Лукс Инжинеринг и СИМ Инжинеринг, истите се стекнуваат со површина 22 563 квадрати, од кој 2090 квадрати на приземје, 6218 квадрати на први кат, 6280 квадрати на втори кат, 6395 квадрати на трети кат и 1580 квадрати на петти кат.

Претходно, „Глобал“ беше дивоградба изградена на приватно и државно земјиште. На 17 ју­ли 2008 го­ди­на, Заев беше уапсен заедно со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ, а подоцна Заев и соработниците беа амнестирани од Бранко Црвенковски.

Самиот факт што ја искористиле можноста која ја дава законот да им се помогне на најсиромашните семејства, бизнис партнерите на Заев ја искористиле можноста и по само едно евро го легализирале „Глобал“, што укажува дека тие ја признаваат вината, но и дека се стекнале со имот вреден неколку милиони.

Бизнис партнерите на Заев добивале тендери и за други зделки

Сопствениците на „Глобал“ се истите луѓе чии фирми инаку капитално врзани со роднини на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев добивале и тендери од општината. Она што пред некој ден беше обелоденето е дека баратели на легализацијата на спорниот „Глобал“ се фирмите во сопственост на Горан Крстев и Бранко Стамболиски. Ова не се нови луѓе во македонската јавност. Горан Крстев освен тоа што го доби и „Глобал“,  од општина Струмица добил и 11 други тендери со милионска вредност, обвинуваа од владејачката партија.

Зоран Заев на семејната фирма на својот личен пријател и бизнис партнер на фамилијата Заеви, Горан Крстев, и обезбедил јавни набавки во вкупна вредност од над 1 милион и 600 илјади евра. Од нив, 8 се склучени директно со Општина Струмица со која раководи токму Зоран Заев со вредност од 83.322.641 денари, додека пак останатите 3 се склучени со Јавното претпријатие Комуналец Струмица во вредност од 18.031.815 денари.

Сите овие пари и биле доделени на фирмата „Јавор Шпед Дооел“ преку 11 тендери, во време кога и Горан Крстев и таткото Симеон Крстев биле сопственици на оваа фирма.

Горан Крстев е бизнис партнер со Вице Заев и семејството Заеви преку фирмата „Сара Јавор Инженеринг“. Инаку, Горан Крстев беше во средиштето на аферата каде се откри дека Зоран Заев токму на овој човек му продал земјиште по цена од едно евро за м2 а овој истото го препродал по  4 пати повисока цена.

Исто така, Горан Крстев е и човекот за чија фирма беше објавено дека портпаролот на СДСМ Петре Шилегов како Претседател на второстепената комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ одлучил голем тендер да добие токму неговата втора фирма, „Јавор Шпед“, пишува порталот „Курир“.