четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

Бизнис заедницата задоволна од најавата за отворање на Национална канцеларија за трансфер на технологии

Министерството за образование и наука со новиот проект Национална канцеларија за трансфер на технологии која ќе биде центар за продуцирање, размена на понуди и советувања.

biznis-1

Последни вести

Министерството за образование и наука со новиот проект Национална канцеларија за трансфер на технологии која ќе биде центар за продуцирање, размена на понуди и советувања.

Оваа институција ќе овозможи голема помош и поддршка за бизнис заедницата во земјава. Консултантите кои ќе работат во националната канцеларија ќе располагаат со сите информации и регистри кои им се потребни на компаниите, за набавка на нови иновативни  технологии, опрема и стручна интелектуална помош за поефикасен развој на производството. МОН ќе ја финансира техничката опременост и функционалност  а проектот има поддршка и од МАНУ, од сите државни универзитети и трите најголеми комори.

Националната канцеларија ќе има и свој регистар на експрети за разни индустриски области од земјава, како и регистар на достапни лаборатории и услуги на лобораториите.

Целта на нејзиното основање е да се централизира понудата на услуги од типот на советување на македонските компании во делот на интелектуална сопственост, заштита и права, увоз, односно приспособување и примена на технологии и иновации кои не се нови во светот, но може да бидат нови кај нас, како и за учество во програмите на ЕУ преку подучување за начинот и постапката за аплицирање со проекти, појасни земник министерот за образование Спиро Ристовски.

Бизнис заедницата задоволно од ваквата одлука, ја поздравуваат и очекуваат позитивни резултати.

Искрено ме радува што ќе се отвора Национална канцеларија за трансфер на технологии, вели Горан Антевски, генерален менаџер на Раде Кончар.

Јас како дел од бизнис заедницата се радувам што ќе се отвори Националната канцеларија за трансфер на технологии, затоа што едно место ќе се информираме за тоа што и како може технологијата да се употреби за нашите производи. Европските и светските пазари бараат висок квалитет со документација, а ако ја немате таа документација не може да извезувате. Затоа се надевам дека со еминентните стручни професори, академици и луѓе од браншата ќе може да се помогне на сите од бизнис секторот за да се просперира, вели Антевски.

antevski

Последниве години, вели Антевски, на факултетите од техничката струка се вложени големи средства во лабораториите и ние како компанија почнавме да ги користиме тие лаборатории, што ни помогна многу да ги намалиме трошоците.

Ние веќе ги користиме лабораториите на електро факултетот за испитувањата кои ни се потребни во нашата област, на машинскиот факултет веќе разговараме за некои проекти со ки заедно би настапиле, за нови инхоативни производи, наши патенти. Во секоја земја која држи до себе, иновациите се двигателот на движењето и енергијата на таа земја за напредок, заклучува Антевски.

Најчитани вести