Бизнисмен од Хонг Конг е нов сопственик на „Форбс“

Семејството Форбс  сопстевник на компанијата „Форбс Медиа“ по 97 години го продаде мнозинскиот удел на инвеститор од Хонг Конг.

Познато е дека купувач е „Integrated Whale Media Investments“,  но не е познат износот на трансакцијата. Се претпроставува дека мнозинскиот удел е продаден за 475 милиони долари на колку што беше проценета компанијата за време на преговорите.

Семејство Форбс ќе задржи малцински удел во неа.

Според информациите објавени во медиумите Стив Форбс останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“.

Компанијата ќе остане со седиште во САД, но ги објави плановите за меѓународна експанзија.

Од „Форбс“ тврдат дека достигнуваат до 75 милиони луѓе во целиот свет преку печатените изданија, сајтови, телевизија, конференции и анализи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.