Бизнисмените задоволни од акцијата „Притисни црвено копче“

блемите со кои се соочуваат малите и средните бизнис-компании.

–  Она што е потребно сега е да се работи на пониско, на локално ниво, од градоначалник до началници на сектори на служби каде главен приоритет треба да биде формирање и доусовршување на постоечките бизнис-услови, истакна Ангелоски забележувајќи дека токму малите и средните фирми треба локалната самупорава да ја чувствуваат како своја, блиска и постојано достапна за комуникација, за размена на информации и помош.

Акцијата „Притисни црвено копче за да пријавиш имотно-правен проблем“ првпат се спроведе во 2011 со почнувањето на проектот „Посета на 40 компании“. Дополнително во 2012 и 2013 година Управата објавуваше јавни повици преку кои апелираше да се пријават проблеми од имотно-правен карактер. Фирми и граѓани кои се соочуваат со проблеми во оваа област, а не се пријавиле на досегашните повици од надлежната институција, имаат можност да се вклучат во акцијата и да добијат помош за решавање на проблемите.

Директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстановски неодамна при средба со претставници на бизнис-заедницата истакна дека досега со барања за помош и надминување имотно-правен проблем се јавиле 205 компании. Од нив, целосно се завршени постапките за 88, за 46 се делумно завршени, а во постапка се уште 20 барања.

Тој нагласи дека сите субјекти кои ќе достават одредено барање ќе бидат повикани во Управата каде ќе добијат соодветна стручна помош и ќе бидат упатени во соодветна постапка и понатаму во најкраток можен рок ќе си ги реализираат своите права.

За тековната акција граѓаните може да се информираат на линкотhttp://www.finance.gov.mk/mk/node/5351.