Бјанки и понатаму во критична состојба

Жил Бјанки и понатаму е во критична состојба по тешкиот инцидент кој го имаше на трката за Големата награда на Јапонија.

Пилотот на Маруси, како што утрово пренесе „Скај спортс“, останува поврзан на апарати за одржување на функционалноста на виталните органи, меѓутоа во текот на ноќта не бил подложен и на втора хируршка интервенција.

Во наредните часови воопшто нема да бидат изнесувани било какви информации околу состојбата на Бјанки, се додека неговиот татко не пристигне во Јапонија. Таткото на Бјанки и неговиот менаџер веќе отпатувале за Јапонија каде треба да пристигнат денеска, по што би требало да има и дозвола за објавување на повеќе информации околу состојбата на возачот на Формула 1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.