Бјанки при судирот се движел со 203 километри на час

Жул Бјанки полека закрепнува, но неговата состојба сеуште не е стабилна. Во меѓувреме се откриваат се повеќе детали околу неговата несреќа. Имено, според извори од тимот на Марусија телеметричките испитувања покажале дека во моментот на судирот болидот на Бјанки се движел со брзина од 203 километри на час.

Во секој случај, среќа во несреќа е што Бјанки не го загубил животот на лице место, со оглед на тежината на судирот, а неколку Ф-1 медиуми најавуваат дека во следните денови би можеле да чуеме нови позитивни вести за возачот на Марусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.