Бјелица нема да продолжи во НБА, се враќа во Европа

Српскиот кошаркар Немања Бјелица нема да потпише договор со „Филаделфија севентисиксерс“ и ќе се врати во Европа, објави Eurohoops, според извори од САД.

И покрај тоа што „Филаделфија“ и Бјелица постигнаа вербален договор, договорот сé уште не е потпишан и веројатно нема да биде, објави познатиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски.

Тој неодамна објави дека „Филаделфија“ и Бјелица се договориле за едногодишен договор вреден 4,4 милиони долари. Но сепак, Војнаровски на Твитер напиша дека Србинот ги информирал „Сиксерси“ дека нема да потпише договор и дека ќе се врати во Европа.

Бјелица очекувал подобар и подолг предлог од некој НБА-тим бидејќи му бил приоритет да остане во НБА, но сега Европа е повеќе од реална опција, особено што може да добие и долгорочен договор.

Бељица има 30 години, претходните три сезони играше за „Минесота Тимбервулфс“.