Спорт

Бјордален во историјата на ЗОИ

Бјордален во историјата на ЗОИ

Норвешкиот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален е спортист со најмногу освоени медали во историјата на Зимските Олимписки Игри.

Тој со златниот медал во мешаната штафета (два пати по шест километри жени и два пати 7,5 километри мажи), стигна до 13-от медал на ЗОИ. Од нив, дури осум одличја се златни. Тој успеа да го надмине и легендарниот Бјорн Дели, кој исто така има осум златни медали, но и вкупно 12 медали од Зимските олимписки игри.