Свет

Благ пад на главните европски индекси и на Волстрит, вложувачите се вртат кон поволните купувања

Благ пад на главните европски индекси и на Волстрит, вложувачите се вртат кон поволните купувања

На њујоршки Волстрит, како и европските важни индекси, во средата завршија во благ минус, бидејќи вложувачите се одлучија да ги остават настрана геополитичките тензии откако во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Северна Кореја со „оган и гнев“, свртувајќи се кон поволните купувања на акции.

На европските берзи главните индекси паднаа, сепак, под влијание на геополитичките напнатости околу Северна Кореја. Лондоскиот FTSE потона за 0,59 отсто, на 7.498 поени, франкфуртскиот DAX за 1,1 процент, на 12.154 поени, а парискиот CAC за 1,4 отсто, на 5.145 индексни поени.

Њујоршкиот Dow Jones индекс го заврши тргувањето со минус од 0,17 отсто, на 22.049 поени, додека индексот S&P 500 загуби на вредноста 0,04 проценти, на 2.474 поени, додека технолошкиот Nasdaq индекс падна 0,28 отсто, на 6.352 иднексни поени.

Вложувачите, во потрагата по поповолни купувања, кон крајот на трговскиот ден фокусот го насочија кон добрите показатели на глобалната економија и заработките на компаниите.

„Неверојатно е колку пазарот е ладнокрвен доколку се земат предвид насловните вести и како работите напредуваат“, толкува за Reuters пазарниот стратег Рин Детрик од инвестициското друштво „LPL Financial“.

На почетокот од трговскиот ден инвеститорите и натаму продолжија да вложуваат во сигурните прибежишта за капиталот, како што е златото, по острата размена на изјави меѓу САД и Северна Кореја во вторникот. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека не верува оти постои непосредна опасност од Северна Кореја.

Откако најважните индекси потонаа во текот на денот за повеќе од половина процент, зајакна купувањето на акциите па индексите до крајот на денот надоместија дел од загубите.

„Би требало да се случи нешто многу поопипливо од самата реторика за да се предизвија распродажба на пазарот“, смета Ричард Стејнберг, изврешен директор на „HSW Advisors“.

Иако цената на златото кон крајот на тргувањето почна да се лизга надолу, денот го заврши со добивка од 1,2 отсто, на највисокот ниво од средината на јуни. Зајакнаа и курсевите на швајцарскиот франк и на јапонскиот јен, коишто исто така се сметаат за сигурни прибежишта за капиталот во несигурните времиња.

Меѓу акциите најголема добивка остварија оние на наменската воена индустрија како „Lockheed Martin“ и „Raytheon“, коишто во просек зајакнаа за 1,6 отсто. Најголем губитник, пак, беше секторот на потрошувачки стоки, со пад на цените во просек за 0,47 отсто.

Околу 6,48 милијарди акции ги променија сопствениците во средата на сите американски пазари, што е над дваесетдневниот просек од 6,16 милијарди акции.