Блага предност за Ливерпул во дуелите со Рома

За Ливерпул и Рома ова ќе биде трето соочување во нокаут фаза од континенталните соочувања, а англскиот тим во досегашните пет пресметки двапата славеше, два меча завршиле без победник и еднаш славеше „волчицата“.

Првото соочување на овие два клуба беше воедно и најважен, бидејќи тоаш во 1984 година се бореа за титулата во тогашниот Куп на шампионите. Дуелот се одигра на римски „Олимпико“, но домашниот терен не се покажа како предност за Рома. По 90 минути игра резултатот гласеше 1:1, а Ливерпул до титулата дојде со подоброто изведување на пеналите.

Потоа до 2001 година Ливерпул и Рома не се среќаваа, а таа години ждрепката ги состави во 4-то коло од Купот на УЕФА. Ливерпул славеше во Рим со 2:0, па и со минималниот пораз (0:1) во реваншот на својот „Енфилд“ мина натаму и стаса во една од незаборавните финални пресметки која се одигра во Дортмунд кога со „зланиот гол“ во 26 минута од продолжувањата со 5:4 го совлада шпански Алавез.

Следната сезона Ливерпул и Рома беа во иста групша во втората фаза до Лигата на шампионите. Во Рим беше 0:0, а во Ливерпул 2:0 за „редсите“. Ливерпул мина натаму, но во четвртфиналето беше елиминарн од Баер Леверкузен.