Благодарници за македонските пожарникари кои помагаа во Србија и БиХ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели благодарници на македонските пожарникари, кои учествуваа во спасувањето и извлекувањето на настраданите, како и во санирањето на штетите, од поплавите што ги погодија Србија и Босна и Херцеговина.

-Благодарници за нашите пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за помошта што несебично им ја дадоа на насраданите во Србија и Босна и Херцеговина. Како Град Скопје максимално се потрудивме да помогнеме. Големи честитки за пожарникарите за успешно завршената работа – изјави Градоначалникот Трајановски.

Благодарници им беа доделени на :

Звонко Томески, Владимир Кочовски, Звонко Тасевски, Сашо Крстев, Дејан Димишковски и Кристијан Трајков (противпожарната екипа во Србија);

Дарко Ангеловски, Сафет Растодер, Музафер Шабанов, Игор Михајлов, Александар Ѓорѓиевски и Раши Рожајац (противпожарната екипа во БиХ);

Екипа составена од шест пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во периодот од 17.05.2014 до 22.05.2014, учествуваше во спасување и извлекување на настраданите од поплавите што ја погодија Србија. Пожарникарите беа распоредени на терен во Обреновац и Прогор, каде што беа активно вклучени во испумпување на водата од поплавените подрачја и во подигање на одбранбени насипи. Исто така, пожарникарите благовремено ја доставија до тамошните надлежни власти помошта од 50.000 вреќи за песок.

Екипа составена од шест пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во периодот од 20.05.2014 до 01.06.2014, учествуваше во спасување и извлекување на настраданите од поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина. Пожарникарите беа распоредени на терен во Жепче, Маглај, Орашје и Олово, каде што беа активно вклучени во испумпување на водата од поплавените подрачја, расчистување на теренот и дезинфекција на објекти и патнички возила.

Учеството на двете екипи во спасувачките мисии беше координирано со тамошните власти, по претходно понудената помош за полесно справување со последиците од поплавите од Град Скопје.

Исто така, Градот Скопје, како Град на солидарноста, со одлука на Советот на Град Скопје, издвои 3 милиони денари парична помош – милион за Република Србија,  милион за Босна и Херцеговина и милион за Маниса, Република Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.