Благодатниот оган пристигна во Скопје

Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан на скопскиот аеродром го пречекаа
Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија.
Оганот,што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св.Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата.
Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган со помош на бугарската
православна црква.

Отец Оливер Петровски од Скопската епархија на својот Фејсбук профил  објави дека Благодатниот оган од  пристигна во храмот “Свети Спас”- Драчево, како и во Храм Света Троица- Долно Лисиче. Тој сподели и фотографии и видео од дочекот на огнот на аеродромот и во скопските цркви.

 

Бог нека ги просветли нашите срца со огнот на просветлувањето за да засветли во нас и светлината на воскреснатиот наш Господ Исус Христос!!!, порача отец Петровски.

Благодатниот оган се појави во саботата во црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, патријархот Ерусалимски Теофил Трети го пренесе до насобраното мноштво во храмот и ја подели на црковните делегации, межу кои и на бугарската црква.

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј, по што ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку македонскиот митрополит и до сите православни светилишта во Македонија.

Досегашната практика не беше официјална и Благодатниот оган од Солун преку свои релации го преземаше Бигорскиот манастир. Од годинава ова е официјален настан под надлежност на МПЦ-ОА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.