„Благој Ѓорев“ казнет за крадење масло

По претставка од граѓанин, кој се посомвевал дека постои измама во содржината на декларацијата поставена на сончогледовото масло „Кристал“ од  1 литар – производ на фабриката  за масло „Благој Ѓорев“, Државниот пазарен инспектрат на 19 декември 2014 година направил надзор во производството и увидел одредени неправилности.

По извршеното мерење на количината на масло во повеќе шишиња, утврдено е дека кај некои од нив количината е помала од таа што е наведена во декларацијата, односно од 1 литар.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, според Законот за потрошувачи, на сторителот му е предложена постапка за порамнување и казна о 1.200 евра за фирмата, како и 300 евра за одговорното лице.

dokument