Благој Механџиски е најдобар менаџер во агробизнисот

Основачот и сопственик на фармацевстката компанија „Зегин“ и „Винарија Лозар“, Благој Механџиски го доби признанието „најдобар менаџер во агробизнисот“, на 84-от меѓународен Саем за земјоделство кој оваа недеа се одржува во Нови Сад, Србија.

Секоја година на овој саем се организира вечер на шампиони. Овојпат таа се случи на 18 мај во Конгресниот центар „Мастер“ каде беа доделени врвни признанија на учесниците оценети по најдобар квалитет.

Стручната комисија во која се вбројуваат угледни универзитетски професори од Србија и од странство, го вреднуваа квалитетот на производите. Се доделија 23 шампионски пехари, 16 признанија за најдобри во агробизнисот и титула на Апсолутен лидер на квалитет.

Механџиски важи за еден од најупорните и најпосветените бизнисмени и редовно постигнува огромни успеси за својата работа. Во текот на неговата дваесет и осум годишна работа ја основа фармацевтската компанија „Зегин“ во Македонија, потоа се прошири во Србија и ја презема винаријата Лозар од која направи светски бренд