Благослов од митрополитот Агатангел по повод Божик

Митрополитот повардарски Агатангел до православните верници испрати архипастирски благослов по повод Рождеството Христово – Божик.

 – Градејќи заедница со Богомладенецот Христос, да ја зголемиме радоста на брачната љубов, да ја зацврстиме заедницата на семејството, бидејќи духовно здраво и стабилно семејство,води кон духовно здравје и стабилност на Светата мајка наша-Македонска православна црква и на Светата наша татковина, Република Македонија, порача Агатангел.

 Не заборавајте, додаде, да ги љубите непријателите свои и да ги благословувате оние кои ве повредуваат или ви чинат зло.

– Токму ова ќе ве разликува од лицемерните и суетните кои се со лица светли, но со срца злобни лажни пророци, со слаткоречиви пораки и ветувања одбегнувајте ги и не следете ги. Хранете се со божествена мудрост и проникливост во секој миг и со секоја воздишка и само така ќе бидеме народ свет и осветен-пример за другите народи и залог за идните поколенија, рече митрополитот повардарски Агатангел.