Спорт

Блан откри дека е на слатки маки по триумфот во Германија

Блан откри дека е на слатки маки по триумфот во Германија

Најголема причина за задоволство после убедливата победа на гостувањето во Германија имаше предводникот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Лорен Блан кој откри дека неговите фудбалери со нетрпение го очекувале стартот на првиот 1/8 финален натпрева од ЛШ, против екипата на Баер од Леверкузен.

„Бевме фокусирани во сите 90 минути. Со нетрпение го очекувавме стартот на овој натпревар. Имав чувство дека моите фудбалери не можат да го дочекат првиот судиски свиреж. Многу ни помогна првиот погодок постигнат во 3 минута. Сакам да им честитам на моите фудбалери. ПСЖ одигра фантастично, делувавме моќно и индивидуално и колективно. Искрено, јас сум на слатки маки, располагам со одличен тим и сите фудбалери се подготвени за игра”, изјави Блан.