Блан потврди дека Ибра нема да игра во Лондон

Францускиот гигант ПСЖ, реванш 1/4 финалниот дуел против лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе го стартува со убава предност од два гола, но предводникот на „светците”, Лорен Блан за овој натпревар ќе ги нема на располагање услугите на шведскиот интернационалец, Златан Иибрахимовиќ.

Најголемата ѕвезда во дресот на популарните „светци” заработи незгодна повреда на самиот финиш од натпреварот, а првиот лекарски преглед покажа дека станува збор за повреда на бутниот мускул.

„Златан почуствува болка во бутниот мускул. Во првиот момент не знаеше дали станува збор за некаков грч или за истегнување. Ќе бидат направени дополнителни прегледи кои ќе покажат за каква повреда станува збор, колку е сериозна и колку ќе отсуствува од фудбалскиот терен. Мислам дека ќе мора да одмара извесен временски период. Тоа ми го потврди и клупскиот претседател. Ибрахимовиќ нема да настапи на реванш дуелот во Лондон и ние ќе мораме да се носиме и со оваа ситуација”, изјави Блан.