Блан разочаран од најскапото засилување Единсон Кавани

Предводникот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Лорен Блан призна дека не е многу задоволен од играта и од ефектот на најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани и додаде дека искусниот напаѓач веќе е фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил.

„Кавани имаше тешка повреда и сака по секоја цена да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Мене ми е јасно дека многу се плаши, дека се штеди, дека не го дава максимумот. Не е доволно релакисран. Против Лион имав чуство дека мојот тим можеше да игра многу долго без да постигне ниту еден погодок. Тоа е чудно, ПСЖ да не даде гол. И на дуелот против Лион се почуствува отсуството на Златан Ибрахимовиќ. Не можеме да ја пополниме таа дупка во нападот, нема таков фудбалер кој може да го замени шведскиот интернационалец”, изјави Блан.