Блатер и Платини, водечките луѓе во светскиот фудбал заработија суспензии

Етичката комисија при ФИФА ги суспендираше Платини и Блатер

Етичката комисија покрај двата челници, кои сега имаат забрана за било каква фудбалска активност во овие три години, донесе одлука и за шестгодишна суспензија на кандидатот за претседател на ФИФА, Чунг Јонг Мун, со што неговата шанса да биде избран за предводник на светскиот фудбал на февруарскиот Конгрес паѓа во вода.

Според најавите, суспензијата на Блатер и на Платини по 90 дена може да биде пролонгирана на уште 45 дена, со што под знак прашалник се доведува евентуалниот избор на француската легенда за нов предводник на ФИФА.

Со продолжување на евентуалната суспензија, таа би истекла на 20 февруари, шест дена пред Конгресот. Платини веќе поднесе кандидатура за челното место на светската организација, откако од 2006 година ја предводи УЕФА.

Покрај оваа тројка, суспензија доби и генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке поради афера околу продажбата на билетите за СП.

Сите овие имаат право на жалба, а во процес во овој период ќе биде и дисциплинска постапка.