Спорт

Блатер: Мундијалот во Катар е голема грешка

Блатер: Мундијалот во Катар е голема грешка

Претседателот на Светската фудбалската организација ФИФА, Сеп Блатер, најпосле собра храброст да изјави дека одлуката, Светското првенство во 2022 година да се одржи во Катар е голема грешка.

“Нормално дека станува збор за голема грешка, одлуката Катар да биде домаќин на Мундијалот во 2022 година е голема грешка. Сепак, грешките се составен дел од животот, сите ние сме направиле по некоја голема грешка. И последните информации, последните проценки кои се направени во Катар потврдуваат дека температурите се премногу високи во тој период кога би биле на програма фудбалските натпревари”, изјави Блатер.