Блатер: Најостро го осудувам мешањето на политиката во спортот

Осуда за инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Србија и Албанија стигна од сите страни. И претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер ги осуди инцидентите синоќа во Белград и порача дека фудбалот не смее да се користи во политички цели.

„Фудбалот никогаш не смее да се користи во политички цели. Најостро го осудувам сето тоа што се случило на мечот“, напиша Блатер на својот твитер-профил.

Мечот во Белград се прекина откако дрон со знаме на Голема Албанија се појави на стадионот, што предизвика гнев и реакција на навивачите, но и физичка пресметка на теренот.