Спорт

Блажевски за четири десетинки не избори Б-норма за “Рио 2016”

Блажевски за четири десетинки не избори Б-норма за “Рио 2016”
Блажевски за четири десетинки не успеа да избори Б-норма за "Рио 2016"

На Светското првенство во Казан, Блажевски на патеката од 200 метри мешано исплива за 2.04,79 минути, што сепак не беше доволно за Б-олимписката норма. Тој заврши на шестото место во својата втора квалификациска група, а вкупно 33-то време во конкуренција на 47 пливачи на оваа патека.

Инаку ова не е најдобриот резултат на Блажевски. Нашиот најдобар пливач го постави државниот рекорд лани, кога успеа да исплива за време од 2.03,65 минути.

Утре во Казан повторно настапува Анастасија Богдановски, но на патеката 100 метри слободно. Таа вчера ја потврди Б-нормата, остварена уште во мај годинава и го подобри државниот рекорд, освојувајќи го 35-то место.

На 9 август, на затворањето на првенството, Блажевски ќе има уште една шанса за бркање на нормата – на 400 мешано.