Блажевски: Со матен тендер од 35 милиони евра може да се врати половина од долгот во здравството

Дејан Блажевски веќе е поранешен шеф на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче,  сведочи за неправилнсостите и хаосот кој е во здравството, како и за тоа дека со 35 милиони евра колку што изнесуваше тендерот за реагенси кој инаку се додели на фирма која е формирана само неколку месеци на човек близок до власта, може да се врати половина долг во здравството.

Тој во својот фејсбук статус вели дека жали што од Министерството за здравство се брани неодбранливото.

Фејсбук статус на Дејан Блажески:

„Здравјето на луѓето е најважно!“ – реченица која може да Ве чини. Сум затворил многу врати зад себе. Многу ретко заради себе, повеќе поради принципите. Кога ја затворив последната, пред да излезам погледнав низ прозорецот. „Надвор ми е слободата“ – си реков. Кој сум јас да си играм Бог. И да, воопшто не е лесно…
Што со чувството со сомнеж во резултатите од анализата на крв од моето дете, од детето на моите пријатели, од детето на непознаниците? Резултатите може да варираат поради несоодветен транспорт, поради факторот време, поради неоснованоста на идејата?!
Вчера ја пренесував сопствената крв, требаше да ми се измери вкупниот калциум поради некои здравствени проблеми. На само стотина метри, лаборантот ме советуваше да бидам посебно внимателен и да не ја „тресам”. Кои се тие математички и темелни пресметки кога сте заборавиле да ги вклучите и другите параметри во пресметката? Жал ми е што имате несовест да го браните неодбранливото…
Човечкиот живот не е урбанистички план. Доколку сакате пак стручно, како спојувате стока и услуга во иста набавка?! Со 35 милиони евра може да се врати половина од вкупниот долг на здравството… Читам деновиве, дефокусирате со теми од здравството со далеку помал обем. Тие веројатно треба да ја покријат оваа големата. ТодорОФ, секоја Ти чест! Толку доследни ученици не сум видел. Многу ме боли тоа што и кога ви чепкаат во здравјето се однесувате сервилно. Од што се плашите? Мора да се водиме од Хипократовата, дека најважно е да не наштетиш!“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.