Блажевиќ: Сколари се посра во гаќи

Поранешниот селектор на Хрватска, легендарниот Чиро Блажевиќ е последниот фудбалски стручњак кој јавно и вулгарно го нападна актуелниот селектор на Бразил, Луис Филипе Сколари и го посочи како главен виновник за срамниот пораз од Германија во полуфиналната рунда.

“Сколари е крив за се! Не знам што му беше. Или откачил или е оставен од неговата сопруга. Не знам што му беше на тој натпревар. Мислам дека се посра во гаќи. Својот тим го подготви како за противник да има тим кој е составен од деца кои идат во градинка. Се бранеше со четри дефанзивци, а требаше да се брани со 10 дефанзивци.