Блажевски го собори рекордот на Маленко од Рио

Блажевски продолжува со одличните настапи на Светското првенство, откако и на вториот ден од натпреварите успеа да собори македонски рекорд.

Тој во дисциплината 400 метри мешано исплива со време од 4:13,04, што е за 6,82 секунди подобро време од рекордот на Александар Маленко, поставен во 1995 година во Рио де Жанеиро.

Ова време беше доволно за 25. место во конкуренција на 45 пливачи во оваа дисциплина.

Блажевски утре на натпреварите ќе се појави во дисциплината 200 метри мешано, а ќе плива и вториот наш претставник Горазд Чепишевски на 50 метри грбно.