Спорт

Блажевски сега ќе кине мрежи во Азербејџан

Блажевски сега ќе кине мрежи во Азербејџан

Најдобриот фудбалер во македонската Прва фудбалска лига во 2013 година, голгетерот на Хоризонт од Турново, Дејан Блажевски во следните две години ќе го носи дресот на азербејџанскиот прволигаш Хазар Ланкаран.

Информацијата за најавениот трансфер ја потврди и претседателот на Хоризонт од Турново, Орце Тодоров.

„Според информациите што јас ги имам, Дејан Блажевски треба утре во 9 часот наутро да ги мине медицинските прегледи во Хазар Ланкаран“, изјави Тодоров.