Блажо Боев е нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“

Нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип е професор доктор Блажо Боев, кој доаѓа од Факултетот за Природно-Технички науки и досега ја извршуваше и функцијата проректор за наука на УГД-Штип.

Универзитетскиот сенат денеска со тајно гласање го избра Боев во наредните четири години да биде  нов ректор на УГД-Штип.

Боев вели дека во изминатите осум години од постоењето на универзитетот јасно се поставени насоки за негов развој  од претходниот ректор Саша Митрев, а според него успехот се гледа и во економско–социјалниот развој кој го донесе универзитетот за источниот регион. Приоритетен проект за него се студентите.

– Во секој случај приоритет ќе бидат  студентите. Студентите нивниот живот, нивното квалитетно образование, студирање и да овој регион, односно градот Штип биде добро место за студирање не само за студентите од овој регион, туку и од поширокиот дел на Македонија и на другите земји да кажеме од Европа, бидејќи проблемот со интернационализација на универзитетите е значајно прашање, кое треба да се случи во иднина и мислам дека од тоа прашање во иднина не треба да бегаме, вели Боев.

Поранешниот ректор, Саша Митрев вели дека од Боев очекува и во текот на наредниот период да го развива универизтетот и сите нејзини факултети, почнати проекти да се реализираат и секако штипскиот универзитет како најмалд од второто место на шангајската листа да биде на првото место по квалитетно образование на студентите