Блек: Ако падне Дамаск, црното знаме на ИД ќе полета кон Европа

Американскиот сенатор Ричард Блек смета дека светот ќе се соочи со катастрофални последици доколку припадниците на ИД го освојат главниот град на Сирија. Тој во изјава за телевизијата Реша тудеј изјави дека е доста загрижен за судбината на Дамаск, Блискиот исток и Европа.

– Ако падне Дамаск, црното знаме на ИД ќе полета. За неколку месеци ќе паднат Јордан и Либан, по што џихадистите ќе тргнат кон Европа, наведува Блек.

Сенаторот од Вирџинија минатата година упати писмо со благодарност до властите во Сирија за ефективната војна кампања за ослободување на селата на границата со Либан каде живее христијанско население.

-Ако ја погледнете историјата на американското учество во војните во Сирија, Ирфак и на Балканот ќе видите дека христијаните беа на најголем удар. Христијаните кои што живееја во Косово повеќе од илјада години се целосно протерани, потсети Блек за погромот на Србите на Косово и Метохија што се случи на 17-ти март 2004-та година.

фото: nsnbc.com