Блер: Ако Велика Британија излезе од ЕУ, Шкотска ќе се отцепи од Кралството

Доколку Велика Британија ја напушти ЕУ, Шкотска би го искористила тоа за да стекне независност, предупреди поранешниот британски премиер Тони Блер, пренесува „Танјуг“.

Тој за француското Радио Европа еден рече дека е доста загрижен поради претстојниот референдум за излез на Велика Британија од Унијата.

Доколку Обединетото Кралство ја напушти Европа, Шкотска ќе гласа за да го напушти Обединетото Кралство, смета Блер.

Тој додаде дека ЕУ пружа „стратешка и економска“ корист и дека служи како „тампон“ за нестабилните пазари како што се индискиот и кинескиот пазар.

Блер изрази надеж дека актуелниот британски премиер Дејвид Камерон ќе обезбеди поддршка за барањето за реформи во односот со ЕУ, така што гласачкото тело во Обединетото Кралство ќе избере да остане во Унијата.

Тој, исто така оцени дека преговорите во однос на Велика Британија со ЕУ се „прилика за ЕУ да ги спроведе неопходните реформи“.

Лидерот на шкотската национална партија Никола Стерџон претходно најави дека нејзината партија ќе бара да се одржи втор реферрендум доколку Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата.

Минатата година, таа порача дека вториот референдум ќе биде „незапирлив“.