Македонија

Блер: Имунизацијата е многу важна

Блер: Имунизацијата е многу важна

Имунизацијата е многу важна. Не смее да се шири страв на непотврдени и недокажани ставови дека вакцините ги уништуваат децата.

Ова го изјави проф. Мич Блер педијатар во Империјал Колеџ од Лондон кој денеска на Медицинскиот факултет во Скопје одржа предавање за модернизација на педијатријата.

Тој посочи дека неговиот колега Ендру Вејкфилд пред 15 години ја промовираше теоријата против имунизација.

„Тој во еден весник напиша дека вакцинацијата е поврзана со аутизмот. Секако, тоа не беше научно докажано. Родителите се исплашија и не ги вакцинираа децата. Во епидемија што следеше починаа пет деца, а докторот повеќе не работи како доктор“, објасни Блер.

Директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова истакна дека ќе биде страшно доколку стане тренд да не се вакцинираат децата.

Инаку, од Центарот за јавно здравје потрдија три нови случаи на морбили. Станува збор за пациенти над 30-годишна возраст. По објавување на епидемијата на ситни сипаници досега се регистрирани 40 болни. Речиси сите биле невакцинирани или со примена една доза на вакцина. На Клиниката за инфективни болести најмалиот згрижен пациент има 2,5 месеци.