Блиц: Македонските служби ги следеле српските дипломати

Утврдено е дека разузнавачките служби на Македонија ги следеле и незаконски ги обработувале српските дипломати, а во разузнавачкото дејствување биле вклучени и странски сили, објавува денеска српскиот весник „Блиц“.

„Српските дипломати биле следени без каква и да е причина, а врз нив е применувана дури и метода на застрашување. Дел од притисокот кој е вршен бил со одобрение на странци“, тврди неименуван извор за белградскиот весник.

– Веднаш, штом овие сознанија ни беа потврдени, реагиравме со цел да ги заштитиме нашите службеници“, вели изворот на кој се повикува „Блиц“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.