„Блиц“: Становите во Скопје најевтини на Балканот, но најдолго се отплаќаат

Во Скопје е најниска цената на квадратен метар станбена површина, но да се исплати станот најдолго треба да се отплаќа со држаниот просек на плата, покажува истражувањето што го направи српскиот весник „Блиц“.

Истражувањето ги опфаќа главните градови на поранешните југословенски републики и се темели на прашањето колку квадратни метри стан може да се купи со 100.000 евра и за колку време треба да се отплаќа со просечна плата актуелна во овиа земји.

Во центарот на Скопје со 100.000 евра може да се купи стан од 80 метри квадратни, што е најниска цена од сите главни градови на Балканот. Но рокот на исплата на станот е најдолг во споредба со другите главни градови и изнесува 25 години и 2 месеца, под претпоставка дека цела просечна плата од 330 евра оди за него.

Истражувањето покажа дека најскап квадратен метар стан плаќаат жителите на главниот град на Словенија Љубљана. Во овј град за 100.000 евра може да се купи стан од 38,4 метри квадратни, но рокот на исплата на станот е најкраток, односно со цела просечна плата тој ќе се исплати за 8 години и 3 месеци. За рокот на исплата земена е претпоставка дела цела просечна плата се дава за станот. Просечната плата во Љубљана пак изнесува 1.000 евра.

Во Загреб со 100.000 евра може да се купат 43 квадрати, во Белград 55 квадрати и рок на исплата скоро 22 години. Во Сараево за истите пари се купува стан од 66 метри квадратни. Во Подгорца се купува иста квадратура како во Сараево, но рокот на исплата е помал за една година.

Ниту во еден од шесте главни градови на републиките во поранешна Југославија, квадратниот метар во самиот центар не може да се купи под 1.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.