Блинкен: ИД во Ирак загуби 50 проценти од територијата

Заменикот на државниот секретар на САД, Тони Блинкен, кој се наоѓа во посета на Ирак, изјави дека повторно е воспоставена контрола над околу 50 проценти од територијата во Ирак, која претходно беше окупирана од т.н. Исламска држава. 

– Пред две години Багдад и Ербил беа под силна закана на ИД. Меѓутоа, сега, благодарание на коалициските и ирачките сили, вратени се 50 проценти од територијата која ја контролираше ИД, истакна Блинкен.

Тој додаде дека на подрачјето кое претходно беше контролирано од ИД, се вратени милион раселени лица.

Блинкен, исто така нагласи, дека САД на Ирак ќе му донира 181 милион долари хуманитарна помош.

Како што вели Блинкен, целото внимание во овие моменти е насочено кон операцијата во Мосул.

– Сигурно и полека ја победуваме ИД, и сите напори се насочени кон операцијата во Мосул. Откако ќе бидат ослободени сите делови на Ирак, ИД би можела да се трансформира во „спијачки ќелии“, заклучи Блинкен.

Заменикот на државниот секретар на САД за време на посетата на Багдад се состана со највисоките ирачки претставници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.