Близнаци дел од едногодишниот историски експеримент за откривање на вселената

Марк и Скот Кели (50), близнаци, од март наредната година ќе бидат дел од едногодишниот историски експеримент.

Скот би требало да стане првиот американски астронаут кој што поминал толку време во вселената, а неговиот брат ќе остане на Земјата. Со споредувањето на нивните податоци НАСА ќе ја утврди промената која натанала после толкав долг период во вселената и треба да докаже дали генетски сме подготвени за мултипланетарни патувања.

skot2-420x630

Поради експериментот Скот цела година ќе биде одвоен не само од братот, туку и од ќерките Саманта (20) и Шерлот (11), како и од долгогодишната девојка Амико Кодрер, која што исто така работи во НАСА.

skot-422x630
На НАСА за тестирање и е потребна личност која ќе остане на подолг период во вселлената, а истовремено некој со исти гени, тој период да го помине на земјата, а браќата Кели му го овозможуваат тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.