Близок соработник на Ивица Дачиќ, приведен за мито

Драгољуб Пеурача, соработник на поранешниот спрски премиер Ивица Дачиќ, воедно и директор на иснспекторатот во Министерството за труд, вчера бил приведен поради земање мито, јавија српските медиуми.

Пеурача бил пријавен во полиција за изнудување пари од директорот на агенцијата за вработување „Менпауер“.

Вработена на бензиска пумпа, која била ангажирана преку таа агенција починала на работното место, а тој случај Пеурача го злоупотребил, уценувајќи го сопственикот на агенцијата да му плати 30.000 евра, а во спротивно се заканил дека ќе му ја одземе лиценцата.

Во организирана полициска акција, Пеурача е фатен со 15.000 евра мито, како дел од сумата која сакал да ја изнуди од сопственикот на „Менпауер“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.