„Близу“ го прослави третиот роденден со нови екслузивни канали, нов 3 Плус Делукс пакет и промотивни настани

Со осумте нови филмски, спортски и забавни канали од Film Box платформата  „Близу“ станува оператор кој во своето портфолио брои над 150 дигитални канали од кои дури 20 се во HD резолуција.

blizuuu (1)

Во пресрет на својот трет роденден, телекомуникацискиот оператор „Близу“ промовира бројни новости, меѓу кои и промоција на екслузивните Film Box канали, кои за првпат се емитуваат на територијата на Република Македонија. Каналите Film Box Plus, Film Box HD, Film Box Arthouse, Docu Box HD, Fight Box HD, Fast & Fun Box HD, Erox и Eroxxx HD корисниците на дигитална телевизија кои поседуваат КА модул или HD ресивер ќе можат да ги следат бесплатно до 1.1.2015 година.

Покрај новите канали, кои во голем дел вклучуваат македонски преводи, операторот го промовираше роденденскиот пакет „3 Плус Делукс“, во кој се вклучени комплетните услуги на „Близу“ – дигитална телевизија со вклучени дополнителни пакети: Тринг, Супер, Супер Плус; Неограничен интернет со брзина од 15 Mbps, фиксна телефонија со вклучени 250 минути во претплатата и неограничени разговори во мрежата на „Близу“, бесплатна опрема како и бесплатен втор КА модул или ресивер.

blizuuu (2) Пред точно три години имавме огромен предизвик пред нас. Денес, со огромно задоволство објавуваме дека предизвикот на либерализирање на телекомуникацискиот пазар е успешно завршен. Придобивките од таа либерализација директно ги чувствуваат нашите корисници- освен ниските цени за врвни услуги, констатно работиме и на зголемување на квалитетот на веќе постоечката понуда: постојано зголемување на бројот на канали, постојано зголемување на интернет брзините до крајните корисници, постојана и исклучително посветена грижа за корисници. И понатаму продолжуваме со исто темпо на инвестирање во нашата мрежа и во нашите ресурси. Навистина од се срце им благодариме на сите оние чија доверба не направи прв избор за оператор во Македонија, изјави Искра Секуловска, Маркетинг Директор во „Близу“.

„Близу“ својот роденден го прослави со настани низ своите продажни салони, на кој сите посетители на салоните беа топло пречекани со изненадувања и подароци.

Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на  Телеком Австрија Групација. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супер-брз неограничен интернет со брзина до 100 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.