Полицијата го уапси рускиот опозиционер Навални

Блогерот и опозициски активист Алексеј Навални е уапсен во понеделникот поради повик за протести на локација којашто не е оодбрена од градските власти во центарот на Москва, со што прави повторно прекршување на овој закон за протест, соопшти гратската управа на полицијата на руската престолнина, додека западните медиуми јавуваат дека наводно се уапсени негови приврзаници во подземната железница.

„Алексеј Навални, кој на интернет постави повик да се премести дозволениот протест од авенијата Сахаров, каде што се одржуива протест на опозицијата во согласност со властите на Москва, на улицата Тверска за учество во неодобрена протестна акција, е приведен од полициските службеници и во моментов се изготвуваат протоколите за административните прекршоци кои ќе бидат поднесени до судот“, го цитира агенцијата РИА соопштението на управата на московската полиција.

Притоа се истакнува дека Навални ќе биде пријавен за „повторно нарушување на воспоставениот поредок за организирње и одржување секаков вид собир, митинг, демонстрција, маршеви… и поради непочитување на полциските службеници“.

Претходно сопругата на Алексеју Навални на Twitter објави дека митингот сепак ќе се одржи, а Reuters повикувјќи се на на твит на неговата портпаролка пренесува дека наводно била исклучена струјата во неговата канцеларија, како и дека бил исклучен планираниот пронос на протестот на интернет.

Според рускиот закон за масовни собирања, организаторите треба да добијат одобрение од локалните власти кои го издаваат според бројот на планирниот број учесници и големината на локцијата, како и во согласност со други настани и ситуацијата.

Алексеј Навални, 41-годишен блогер и противник на актуелната руска власт, во неделата објави дека наводно властите му оневозможиле изнајмување видео опрема и разглас, па затоа се решил да го премести протестот во близина на Кремљ.

Меѓутоа, јавниот обвинител веднаш во неделата реагирше дека тој протест би бил незаконит и дека полицијата мора да преземе мерки за да се спречат евентуални безредија.

Инаку на Тверската улица во моментов се одржува фестивал на глумата, и таа е претворена привремено во пешачка зона.

Западните власти очекуваат да видат каков ќе биде одѕивот на протестот на Навални, кој ќе се кандидира за претседателските избори следната година, за да оценат дали има капацитети да му се спротистави на актуелниот руски претседател Владимир Путин. Сепак, сите анкети укажуваат дека Навални нема никакви шанси на претседателските избори.

Во понеделникот се одбележува и Денот на Русија, а на настанот по овој повод кој се одржува во престолнината Москва според медиумите се собрле 270.000 луѓе.