Блок билет за дуелите против Црна Гора и Либан ќе чини само 200 денари

За разлика од претходните дуели на нашиот национален тим, сега цените се далеку попопуларни, а со цел на “Филип Втори” да дојдат што поголем број навивачи.

За двата натпревари ќе бидат отворени само Северна и Јужна трибина на националната арена, билетот ќе биде блок и ќе важи за двата натпревари, а цената ќе изнесува 200 денари. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 02.11.2015 година во продажната мрежа на МкТикетс.

Прв противник на Македонија во овој термин на ФИФА ќе биде Црна Гора на 12 ноември, а пет дена подоцна ќе ни гостува Либан.

На овие натпревари ќе дебитира новиот селектор на националниот тим Игор Ангеловски.